Швајцарските гласачи одобрија зголемување на возраста за пензионирање за жените
Гласачите во Швајцарија одобрија зголемување на старосната граница за пензионирање на жените од 64 на 65 години со исклучително мала разлика.
На денешниот референдум, 51 отсто од гласачите беа за иницијативата чија цел е стабилизирање на пензискиот фонд, покажуваат првичните официјални резултати. Во меѓувреме, предвидено е зголемување на данокот на додадена вредност од 7,7 на 8,1 проценти за да се обезбеди доволно средства за пензии, откако 56 отсто од гласачите ја одобрија оваа мерка. Зголемувањето на старосната граница за пензионирање е со цел стабилизирање на пензискиот фонд најмалку во следните 10 години.
Според владата, чекорот е неопходен поради бројот на бејби бумери кои достигнуваат возраст за пензионирање и зголемување на животниот век. И левичарските партии и синдикатите водеа кампања против зголемувањето, тврдејќи дека Швајцарија најпрво треба да обезбеди жените да заработуваат исто колку и мажите.
– Ова не е добар ден за жените, изјави еден противник на иницијативата за швајцарската телевизија, пренесува ДПА. Овој потег треба да се амортизира со компензаторни мерки: Доколку реформата стапи во сила како што е планирано во 2024 година, жените родени меѓу 1961 и 1969 година ќе можат да се пензионираат предвреме под подобри услови или да добијат додаток ако работат до 65 години.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Итно да се преземат законски измени со кои подметнувањето пожари ќе се оквалификува како тероризам
-
Јаневска: Околу 1800 ученици од Трубарево непречено следат онлајн настава
-
Ова е убиецот на 31-годишната Росица Коцева и нејзиниот татко Киро Коцев во Велес | ФОТО
-
Денеска ќе биде објавен телефонскиот број на кој ќе се пријавуваат злоупотреби на службените возила
-
Врски и љубов: Како се „саботираме“ себеси?
-
Утре и задутре посвежо и ветровито, во деновите потоа пораст на температурите
-
Ова се убиените ќерка и татко во Велес вчера, ги убил поранешниот нејзин партнер па се самоубил | ФОТО
-
Отповикана судската расправа за случајот „Геријатрија”