Швајцарската политика кон азилантите поуспешна од европската
Политиката кон азилантите од страна на официјален Берн е поуспешна отколку онаа на ЕУ, изјави Леа Вертхајмер, портпарол на швајцарската државна секретарка за интеграција Симонете Сомаруге.
- Нашиот удел во приемот на бегалци се намалува во споредба со ЕУ, истакна Вертхајмер, нагласувајќи дека од 2012 година во Швајцарија се намалува бројот на баратели азил, додека истовремено се зголемува во соседните Австрија и Германија.
Таа тврди дека експерти од државниот секретаријат во Берн ги анализираат причините за ова намалување. Стратегијата на третманот кон азилантите се сменила.
- За државјаните од земји кои важат за безбедни држави воведовме забрзана постапка. За само 48 часа е се решено, ја објаснува Вертхајмер новата стратегија.
Покрај тоа Швајцарија на барателите азил и во забрзаната постапка им овозможува бесплатни правни совети, преку кои бегалците се информираат коректно околу шансите за добивање азил
Ново на Сител
-
Зајкова бара собраниска седница зад затворени врати за престојниот НАТО Самит
-
Откриени 5 гробници издлабени во камен на локалитетот Крклари дел од заштитеното подрачје Маркови Кули
-
Германците и турците најбројни туристи
-
Шестата по ред Парада на гордоста ќе се одржи на 21 јуни: Ќе (оп)стоиме заедно
-
Со голема парада Трамп ја славеше американската армија и својот роденден
-
„Марш на ангелите“ во Кочани
-
Тема на денот со Конрад Блејер Симон, експерт за странско мешање и манипулирање со информации
-
Ескалираат тензиите на Блискиот Исток