Шумски пожари над беровско Русиново

Екипи на Територијалната против пожарна единица од Берово и ЈП Македонски шуми два дена гаснат два шумски пожари во атарот на беровското село Русиново. Како што изјави директорот на ЈП Македонски шуми, Подружница Берово, Никола Атанасов, пожарот на месноста Марина Лака утрово околу 8 часот е локализиран, додека се уште гори на другата локација каде е зафатена површина од 30 хектари.
- Во првиот пожар кај месноста Марина Лака беше зафатена површина од 10 хектари. Има мала штета на високата шума, но голема на насадите од мал бор, а најмногу е зафатена приватна шума. Овој пожар беше пријавен вчера во 14 часот, а локализиран утрово во 8 часот. Додека другиот пожар кој се уште е активен, е пријавен во понеделникот во 17 часот. Гори дабова и букова шума, зафатени се и нискостеблеста шума и сува трева. Овде изгореа и две стари плевни каде експлодираше муниција оставена од војните, што доплнително ја отежна работата на екипите, рече Атанасов.
Тој додаде дека и двата пожари се предизвикани од запалени стрништа или оган кој го палат сточарите.
Ново на Сител
-

Македонија под снег, надлежните уверуваат дека сите патишта се проодни
-

Мицкоски во Давос ги презентира можностите за инвестирање во Македонија
-

Продолжува трендот на одлевање на учениците од штипските училишта
-

Штетата од шумските пожари во 2025-та проценета на околу 50 милиони евра
-

Николоски: Автопатот ќе го завршиме без разлика на сè
-

Преглед на вестите од светот
-

Давидовиќ за Сител: Пронајдените пари се на родителите, а не на Ристов, ќе се жалиме
-

Судскиот совет му го одзема имунитетот на судијата Ристов, Обинителството бара куќен притвор
