Шумски пожар во општина Зрновци
Во општина Зрновци претпладнето избувна голем шумски пожар во месноста Трнавца мегу населените места Видовиште и Теранци. Во пожарот е зафатена голема површина од нискостеблеста шума со смрека. Огените јазици со голема брзина се шират кон манастирот „Света Петка“ на планината Плачковица и постои опасност од пожарот да биде зафатена дабова и букова шума.
Градоначалникот на општина Зрновци Блаже Станков информира дека во гаснењето на пожарот се вклучени вработените во Јавното комунално претпријатие „Водна кула“ од Зрновци, како и Кочанската теритроријална противпожарна единица сио две возила и месносто население.
- За гасенење на пожарпт кој од члас во час земна се поголем замав, помош побарав и од републичкиот Центар за управување со кризи,од каде што ми е ветена помош со ангажирање на хеликоптер за гаснење на пожарот, изјави Станков.
Бидејки се работи за непристапен терен, истакнува Станков и гаснењето на пожарот и негово локализирање се одвива мошне бавно.
Според кажувањата на очевидци кои први го забележале пожарот во месноста Трнавца кај каналот за наводнување мегу селата Видовиште и Теранци, пожарот бил предизвикан од невнимание на човечки фактор.
Ново на Сител
-
Наќе Георгиев бара укинување на притворот
-
Ќе се рационализираат специјализациите
-
Засилени контроли на струмичката полиција
-
УГД го објави конкурсот за новата академска година – Слободни 4.000 места
-
Преглед на вестите од светот
-
Труење со салмонела: Затворени сендвичара во Аеродром и ресторан во Влае
-
ЗНАМ и ВРЕДИ повторно со спротивни ставови за употребата на албанското знаме
-
Тема на денот со Максим Ацевски, главен државен ревизор