Шулц го поддржува враќањето на имотот одземен во Холокаустот
Светската еврејска организација за реституција (ВЈРО) денеска го поздрави тоа што претседателот на Европскиот Парламент, Мартин Шулц, го одобри враќањето на имотот што на Евреите им бил одземен во текот на Холокаустот, јави Танјуг.
Во соопштението на оваа организација се наведува дека Шулц ја поддржал имплементацијата на резолуцијата на ЕП што се однесува на враќање на имотот, оценувајќи дека таа резолуција е доказ за улогата што Европскиот Парламент ја има во „силната одбрана на демократијата и почитувањето на правата и достоинството на сите човекови битија“.
ВЈРО наведе и дека Шулц во писмото до нив им кажал и дека можат да сметаат на неговата поддршка за прашањата како што се реституција на објектите, социјалната помош за оние кои го преживеале Холокаустот, зачувување на еврејските гробишта, како и поддршка за образовните проекти кои за цел имаат покренување на свеста за Холокаустот, како на европско, така и на светско ниво.
Ново на Сител
-
Трамп: За две недели ќе знаеме дали е можен напредок во преговорите за Украина
-
Хегсет нареди припадниците на Националната гарда во Вашингтон да носат огнено оружје
-
Важно е да имаме убаво место за живеење | Каја Шукова | Неформално | Sitel Podcast 110
-
ЦУК: Активен пожарот кај селото Тумчевиште, под контрола се пожарите во Јасен и во прилепско
-
Лајен: ЕУ ќе издвои над четири милијарди евра за Украина
-
Лукашенко во телефонски разговор со Трамп се заложил за прекин на воените акции во Украина
-
Илјадници Италијанки жртви на виртуелно сексуално насилство
-
Вучиќ ги повикува студентите во блокада на разговор, тие му одговорија - Прво распиши избори