Шукова: За опасниот отпад на брегот на Лепенец ќе има и пријави
Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова најави пријави за одговорните во случајот со депонирање на опасен отпад од оловна згура во близина на реката Лепенец, а се чека на хемиските анализи кои се во тек.
На новинарско прашање до каде е истрагата на инспекторите кои ја проверуваат документацијата на компанијата која е осомничена, министерката Шукова потврди дека државниот инспекторат започнал со истрага, а резултатите ќе бидат познати најдоцна до вторник. Во моментов се работат хемиски анализи, по што, како што нагласи, ќе се знае за каков отпад станува збор и колку е тој опасен
- Додека не ги добиеме официјалните лабораториски резултати, може само да шпекулираме и би оставила рок за уште два - три дена. Иако првично работите упатуваат во таква насока дека се работи за опасен отпад. Сè ќе биде познато до понеделник, вторник кога и официјално ќе дадеме изјави. Она што засега се знае според информациите од Државниот инспекторат е дека таму се работело надвор законите. За тоа ќе има и пријави и нема да дозволиме такви прекршувања. Документацијата ја прегледуваат и од Инспекторатот и ние како министерство проверуваме со кои дозволи располага компанијата, рече министерката Каја Шукова.
За случајот со оловна згура на брегот на реката Лепенец на територијата на општина Ѓорче Петров беше отворен предмет за инспекциска постапка. Од локалната самоуправа информираа дека на нивна територија не постои фирма со „А“ интегрирана дозвола што преработува ваков тип на отпад.
При редовна обиколка на територијата овластен инспектор за животна средина регистрирал одлагање згура од преработка на акумулаторски батерии во близина на село Орман, во количина од проценети околу 500 до 600 тони.
Од Државниот инспекторат за животна средина потврдија дека отпадот бил лоциран минатата недела.
- Според затекнатата состојба на теренот, а според Листата на видови на отпад (Сл. Весник на РМ бр. 100/2005) се работи за отпад со шифра 10 04 – Отпад од пирометалургија на олово, 10 04 01*-троски од примарно и секундарно производство, која според класификацијата спаѓа во класата на опасен отпад, информираат од Инспекторатот.
Според експертите, станува збор за опасен отпад кој може да доведе до тешко нарушување на здравјето на луѓето.
Ново на Сител
-
Зеленски: Некој што сака преговори намерно не пука во луѓе со балистички проектили
-
Од полноќ поевтинуваат горивата
-
Кремљ: Важно е некој да го принуди Зеленски да го промени својот став
-
Почина актерот на Велешкиот театар Самоил Стојановски
-
Фон дер Лајен утре ќе објави план за „ревооружување на Европа“
-
Релиќ и Георгиевски освоија бронзени медали на турнир во Бугарија
-
ЕУ нема да ги исполни целите за намалување на загадувањето до 2030 година
-
Отворено писмо на поранешните полски дисиденти до Трамп: Го испрашувате Зеленски како што ние бевме сослушувани од комунистичките судови и полицијата