Шукова најави проект против аерозагадувањето за Скопје, Куманово, Битола и Тетово
Постојано се преземаат мерки против аерозагадувањето, во рамките на оние надлежности што ги има Министерството за животна средина, посочи министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, која денеска одговараше на прашањето што се презема за аерозагадувањето, а Скопје вчера бил и седми град во светот по загадување на воздухот.
Шукова истакна дека во моментов се почнува и нов проект, со кој се опфаќаат општините Скопје, Куманово, Битола и Тетово, кои се четири позагадени градови.
-Имаме повторно мерки за замена на нееколошки системи за греење, со еколошки системи за затоплување, некаде околу пет и пол милиони евра. Тоа е значителна сума на пари, иако станува збор за четири општини, ќе набавиме и неколку еколошки автобуси за град Скопје, исто во рамките на проектов, мислам дека се пет или шест автобуси и ќе одиме повторно со зазелување на нови зелени површини во овие четири општини, рече Шукова.
Таа истакна дека апелираат и општините во своите буџети за 2024 година да предвидат средства за субвенционирање, особено домаќинствата за замена на грејните тела во еколошки.
Шукова вели дека и како министерство размислуваат во 2024 година да финансираат за вакви мерки, а апелот до граѓаните постојано го упатуваат да не се горат пластики, отпадни масла и паркети и секој ако придонесе по малку, како што вели Шукова, ќе добиеме едно цело.
Министерката за животна средина и просторно планирање Шукова истакна дека во ниту една метропола проблемот со аерозагадувањето не се решил во една или две години, а во земјава се уште има јавни објекти кои користат нееколошки системи за затоплување.
Прашана за субвенциите кои ги даваат некои скопски општини за огревно дрво, Шукова вели дека ако огревното дрво е одлежано и суво прави помало загадување, а поголемото загадување го прават влажните дрва.
Што се однесува за мерните станици кои не работат низ град Скопје, Шукова вели дека се спрема тендер за набавка на резервни делови за овие станици, за кои многу често се расипуваат деловите.
Ново на Сител
-

Одбраната на Јованов: Обвинението против Михаил Јованов се темели само на тоа што е син на сопственикот на „Пулс“
-

Финансиска поддршка од 12.000 денари за новороденчињата од Општина Кисела Вода
-

Амбасадорката на Кина во посета на Свети Николе
-

Ирска вети дополнителни 125 милиони евра финансиска поддршка за Украина
-

Итен дефект на водоводна линија, утре без вода делови од Скопје
-

Приведени 15 лица под сомнение за убиство од небрежност во пожарот во Хонг Конг, соопшти полицијата
-

Жител на Бегниште приведен поради агресивно однесување кон полициски службеници
-

64-годишник измамен за сума од 1300 евра, едно лице му ветило дека ќе му помогне да земе социјална помош
