Шукова ќе го воведе БРТ системот за поефикасен градски јавен превоз
БРТ систем за навремен, безбеден и функционален јавен превоз најави кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ. Од Бутел заедно со кандидатката за оваа општина најавија модерен и брз автобуски превоз за граѓаните.
Со овој систем Шукова ветува дека ќе ги поврзе северниот и јужен дел со централното градско подрачје.
Контрола врз загадувачите и редовно чистење на дивите депонии најави кандидатот за градоначалник на О. Аеродром.
Нова градинка во Алија Авдович, уредување на каналот и нова фекална канализација ветува кандидатот за градоначалник на О. Гази Баба
На вчерашниот митинг во Аеродром, лидерот на партијата меѓу останатите критики за власта се пошегува и со нивните успеси. Филипче пред присутните порача, да не биле проектите на СДСМ, актуелната власт ќе немала со што да се пофали.
Караванот на СДСМ денеска ќе биде во Дебарца, Вевчани, Струга и митинг во Охрид.
-
Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар