Штрајкувачи оставија без струја 120.000 домаќинства во Франција
Штрајкувачи во Франција предизвикаа прекин на снабдувањето со електрична енергија на 120.000 домаќинства во реоните на Сант Назер, Донк и Герланд во западниот дел на Франција, јави дописникот на МИА од Париз.
Прекинот со снабдувањето е во рамките на штрајкот во кој се вклучени и вработените во нуклеарните електрични централи, но никој не најавуваше ваква акција со оглед дека тие предвидуваа прекин на струјата само за претпријатијата, а не и за домаќинствата.
Според мрежата за снабдување со електрична енергија РТЕ, група штрајкувачи „окупирале“ високонапоснка трафостаница во Сант Мало Герсак, од каде ја прекинале струјата.
Тие ја напуштија трафостаницата и снабдувањето со електрична енергија започна да се воспоставува.
Во Сант Назер беше евакуиран супермаркет поради безбедносни мерки, откако дојде до прекин на електричната енергија, исто како и на еден од бродовите во изградба на бродоградилиштето во овој град.
На неколку крстосници дојде и до мали сообраќајки по прекинот на снабдуањето на семафорите со електрична енергија.
Во парискиот регион има проблем со снабдувањето со електрична енергија на 24 000 домаќинства, но причина за тоа се полавите.
Ново на Сител
-
Вреди: Не треба да се отвораат старите рани
-
Победа над Фарски Острови - македонските ракометари се пласираа на Светско
-
Пендаровски се заблагодари на граѓаните за укажаната доверба
-
ЦУК: Спасени две лица кои со „квадрицикл“ излетале во провалија на Шара
-
Приштина: Притвор од 30 дена за државјанин на Србија вмешан во ланските немири во северно Косово
-
ЕУ потсетува на важноста од целосно почитување на Договорот од Преспа
-
Мишел и Фон дер Лајен со честитки во Сиљановска Давкова: Очекуваме соработка на европскиот пат на земјата
-
Алексеј Навални постхумно ќе ја добие наградата за мир во Дрезден