Македонија
13. March 2024 - 13:28

Штрајкот на вработените во ЈП Национални шуми продолжи

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов денеска беше во подружницата на ЈП Национални шуми - Бабуна Велес каде што сите работници се едногласни по однос на потребата од исполнување на барањата поради кои во четвртокот започна штрајкот,а кој денеска продолжи.

Вработените  реагираа дека и последната плата за јануари која ја добија деновиве по прогласување на штрајк  е намалена незаконски  за две илјади  денари на секој вработен во ова јавно претпријатие, како и тоа што веќе неколку месеци не им се исплаќа теренскиот додаток и другите додатоци на плата.

Како што велат од ССМ, револтот е голем  кај околу две илјади вработени во ЈП Национални шуми во земјава,  упатен  до нивниот менаџерски тим поради тоа што во континуитет  доцнат со исплата на нивната плата, и  поради тоа што повторно им исплаќаат намалена плата

Ги потсетуваат  дека рокот за исплата на платата за февруари истекува на 15-тти март. Воедно најавуваат дека  доколку платата за февруари не им се исплати  во законски предвидениот рок,најавуваат да  организирааат  протест пред централата на ЈП Национални шуми во Скопје.