Штрајкот на СОНК влезе во втората недела, Владата ги обвини дека уценуваат
Министерот за образование ги повикува просветните работници уште еднаш да ја разгледаат понудата на Владата. Вели во оваа тешка економска криза, 2500 денари не се малку. Ова е најмногу што Владата може да понуди во моментов и да го реализира веднаш по носењето на ребалансот, предлага дијалогот да продолжи, но штрајкот да застане. Децата се најголеми губитници и мора итно да се најде начин да се вратат на настава.
Шаќири потсетува дека државата памети долги штрајкови во образованието, но дека тие завршувале без спогодби. Исто така вели дека обиди за штрајкови имало и во регионот, но завршувале без зголемени плати. Затоа повикува да постои доверба во процесот, штрајкот да биде ставен во мирување, и да се склучи спогодба за зглемување на платите.
Министерката за труд и социјала пак потсетува дека на штрајкувачите, согласно закон ќе им бидат исплатени само придонесите за деновите поминати во штрајк. Ги повика општините да ангажираат заменски негователи.
Министерот Шаќири вели дека е во постојана комуникација со раководството на СОНК. Штрајкот започна минатата недела и наставата од тогаш е во прекин. Преговорите на кои Владата понуди зголемување на платите од 10%, СОНК вчера ја одби. Нивното барање е раст на платите од 18,4%.
-
Наташа Хаџиспиркоска Стефанова
Сите содржини од овој новинар