Штрајк на вработени во Старбакс ширум САД
Работници во стотици кафетерии на Старбакс ја напуштија работата барајќи ангажирање на повеќе работници и подобар распоред, објави синдикатот Обединети работници.
Штрајкот беше организиран на голем промотивен ден (Ден на Црвената чаша), кога Старбакс им доделува бесплатни црвени чаши со празнични украси на клиентите.
Тој настан вообичаено привлекува голем број граѓани, па така лани прометот скокнал за 94 отсто во однос на дневниот просек за цела година.
Синдикатот објави во средата дека работниците во 30 градови низ земјата „одеднаш ја напуштиле работата“ пред планираниот штрајк вчера. Старбакс има речиси 10. 000 локации во САД.
Работниците на Старбакс, исто така, излегоа на штрајк минатата година на истиот ден, како знак на протест против отпуштањата, затворањето на кафетерии и други потези за кои тврдеа дека се одмазда на компанијата за вработените кои се приклучиле на синдикатот.
Старбакс на почетокот на овој месец објави дека следната година ќе ги зголеми саатниците за работниците за најмалку 3 отсто.
Сепак, вработените го критикуваа тоа и рекоа дека профитот на компанијата во четвртиот квартал се зголемил за 11 отсто, додека работниците во автомобилската индустрија – кои исто така штрајкуваат – неодамна добија многу поголемо зголемување на платите.
Ново на Сител
-
САД го поздравуваат мировниот договор меѓу Ерменија и Азербејџан
-
Украина ги отфрла тврдењата дека нејзините сили во Курск се опколени
-
Путин по средбата со Виткоф: Ќе видиме што ќе произлезе од ова
-
Во Берлин запалени четири автомобили на „Тесла“
-
Зеленски: Условите на Русија за прекин на огнот покажуваат дека таа земја сака војната да продолжи
-
Приведен скопјанец кој му се заканувал на инспектор од АХВ
-
Јахоски спроведен во „Шутка“ на 30 дневен притвор
-
Одземено возило во Кавадарци поради создавање бучава | ВИДЕО