Штрајк на косовското образование и на здравството
Обединетиот синдикат на образованието, науката и културата на Косово (СБАШК) и Федерацијата на синдикатите на здравството на Косово (ФСШК) денеска одржуваат штрајк во знак на револт поради одложување на примената на новиот Закон за плати од страна на косовскиот Уставен суд, јави дописникот на МИА од Приштина.
Двочасовен штрајк ќе се одржи во сите образовни институции, и тоа во детските градинки од 6.30 до 8.30, на сите универзитети од 8 до 10 часот и во сите основни и средни училишта во првите два школски часови во првата и во втората смена.
ФСШК објави дека денешниот штрајк на сите нивоа на здравството, со мото „Ги чекаме платите според новиот закон“, ќе трае од 7 до 15 часот и во тој период ќе се третираат само итни случаи.
Уставниот суд на Косово, на барање на народниот правобранител, ја одложи вчера за до 30 март идната година, примената на новиот Закон за плати, со кој се предвидуваше зголемување на платите на вработените во јавниот сектор.
Против оваа одлука на Уставниот суд реагираа и синдикатите на другите јавни сектори, меѓу кои и на полицијата и царините, кои исто така ја најавија можноста за штрајкови.
Ново на Сител
-
Приведени петмина скопјани и еден Американец, пронајдена дрога
-
Лице изгубило над 2.000 евра, го измамиле со лажен профил за „сигурни спортски типови со загарантирана добивка“
-
Флекс Кредит одбележува 5 години постоење со наградна игра: „Признавам – не можам без тебе”
-
Во април 357 одобренија за градење од кои 177 за високоградба, предвидени 729 станови
-
Индискиот авион се урнал врз хостел за лекари
-
Игуменот Георгиј едногласно избран за нов Митрополит Дебарско-кичевски
-
Кумановец ја силувал својата малолетна ќерка
-
Мицкоски: Расте бројот на странски туристи во вториот квартал