Штрахе: НАТО со операцијата „Милосрден ангел“, пред 17 години, го прекрши меѓународното право
Лидерот на австриската Слободарска партија (ФПО) Хајнц-Кристијан Штрахе денеска оцени дека НАТО пред 17 години го прекрши меѓународното право, спроведувајќи ја во поранешна Југославија операцијата под лицемерен назив „Милосрден ангел“,јави Танјуг.
Штрахе, чија ФПО во актуелните истражувања ги претекна владеачките партии во Австрија, укажа дека НАТО ги нападна граѓаните на Србија и Црна Гора, убивајќи бројни цивили и, непочитувајќи ги човечките животи, и тоа го нарекуваше колатерална штета.
По повод воената акција што НАТО ја почна на денешен ден пред 17 години протов поранешна Југославија, Штрахе изјави дека Алијансата со бомби се обиде да ја наметне својата волја и да го покори српскиот народ, со цел на Србија да и одземе дел од територијата, а стануваше збор за тогашната покраина Косово.
Тој истакна дека состојбата на Косово покажува дека НАТО бомбардирањето било лицемерно и само на штета на еден народ, Србите, на кои не им се почитуваат правата, додека на Албанците им помогнало во одземање на територијата.
Штрахе го повтори својот став дека еднострано прогласената независност на Косово е кршење на меѓународното право и побара право на самоопределување за Србите на Косово, како и во Република Српска.
Ново на Сител
-
Украина под огромен руски напад
-
Преглед на вестите од светот
-
Сиљановска Давкова и Муцунски ја продолжуваат посетата на САД во Детроид на средба со дијаспората
-
Тема на денот со Александар Николоски, министер за транспорт и врски
-
Анкета на МКД.мк: ВМРО-ДПМНЕ И Мицкоски имаат најголема доверба кај граѓаните
-
За Мицкоски СДСМ одработува за туѓа агенда, за Филипче предлог резолуцијата е најпатриотскиот документ
-
Нови казни, стари навики
-
Што ќе покаже стручниот надзор за седумгодишното дете кое почина во тетовската болница?