Што значи новиот документ на бугарската дипломатија доставен на Самитот во Брисел?
Посебниот документ кој Бугарија го достави до шефовите на европските дипломатии на Самитот во Брисел, е само појаснување на условите под кои земјата ќе го крене ветото.
Во него нема дополнителни барања, вели дипломатот Тилев, туку само повторување на ставовите на Софија за одобрување на преговарачката рамка за Македонија.
“Од формално правен аспект, иако е приложена кон заклучоците, таа нема влијание на заклучоците бидејќи се усвоени едногласно. Во принцип документот не се разликува од ставовите на декларацијата усвоена од бугарското собрание. Можеби има некоја реченица плус или минус, но во принцип остануваат непроменети барањата на Бугарија како оние во 2019 година”.
А еден од клучните услови за деблокада е промена на македонскиот устав, повтори Румен Радев. Бугарскиот претседател смета дека клучот за успешни преговори го држи Македонија.
Брза посета на Скопје најави бугарскиот премиер. Во фокусот ќе биде формирањето на комисиите, кои во следниот период ке работат на поврзување на двете земји.
Шефот на бугарската влада уште пред стапувањето на функцијата најавува дека историјата нема да биде клучен фактор во преговорите, пристап кој беше поздравен од македонските власти.
-
Горан Симоновски
Сите содржини од овој новинар
