-->
-->
Што значат имињата на месеците?
-->

Сте знаеле ли дека пред календарските интервенции од страна на римскиот император Нума Помпилиј, годината почнувала со Март, а Јули не постоел како месец се до доаѓањето на Јулие Цезар на власт? За тие што ги интересира, еве еден краток историјат на календарот, каков што го познаваме и употребуваме денес.
Expanding folder with months of the year written on dividers
Оригиналната римска година имала 10 месеци (Martius , Aprilis, Maius, Junius, Quintilis, Sextilis, September, October, November, December), а почнувала со Март. Нума Помпилиј, вториот римски император што живеел некаде околу 700 година пред н.е., додал уште два месеца - Januarius и Februarius и го поместил почетокот на годината од Март во Јануари. Покрај тоа, го сменил бројот на деновите во месецот, а вовел и „меѓумесец“ - Intercalaris, што векови подоцна од календарот го отстранил Јулие Цезар, но останала трага од тој месец во престапниот Февруари. Еве што значат имињата на месеците:
– Јануари доаѓа од Јанус, богот на вратите и портите, како и на изгрејсонцето и зајдисонцето, и воопшто на почетоците и краевите. Тој бил бог со две лица, едното свртено нанапред, а другото наназад. Јануари е наречен според богот на почетоците, затоа што овој месец ја отвара годината.
– Февруари доаѓа од зборот februo што значи „прочистување“. Во стариот Рим на 15 февруари се принесувале жртви на боговите, со цел луѓето да се прочистат од гревовите.
– Март, од богот Марс, римскиот бог на војната. Овој месец е наречен така затоа што тогаш почнувала работната година за војниците. Сите воени активности почнувале во Март, бидејќи во текот на зимата немало борби.
-Април води потекло од зборот aperire што значи „отварање“. Со ова име се означувало доаѓањето на пролетта и отварањето на пупките и лисјата на дрвата.
– Мај доаѓа од Маја, божицата на плодноста, мајка на Меркур и ќерка на Атлас.
Мај е месец кога вегетацијата расте и носи плодови.
– Јуни е именуван според Јуно, главната божица во римскиот пантеон. Таа била божица на венчавките, ќерка и сестра на Јупитер.
– Јули како месец го вовел Јулие Цезар и затоа го носи неговoто име. Старото име било Quintilis, што значи петти месец.
– Август е наречен според Август Цезар, кој ја довршил реформата на календарот што ја започнал Јулие Цезар и го преименувал осмиот месец во сопствена чест.
– Септември, октомври, ноември и декември се наречени спорeд бројките седум (septem), осум (octo), девет (novem) и десет (decem) според нивниот редослед во стариот календар, но и после реформата на папата Григориј 13, кој го прогласил Јануари за прв месец во годината, ги задржале старите имиња.
Римјаните имале посебно име за првите денови во месецот (Kalends) кои биле посветени на божицата Јуно, за седмиот ден (Nones) и за петнаесетиот ден (Ides) посветен на Јупитер. Во стaриот Рим не постоеле седмици (недели), како што имаме ние денес.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Менаџерот ја има клучната улога во угостителскиот сектор
-

Во недостиг на ученици започна борбата кај средните училишта кој да запише повеќе ученици
-

Тема на денот со Александар Атанасовски, универзитетски професор
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски - нашите одлуки ја одредуваат нашата иднина
-

Кривични пријави за насилството го преполнија полицискиот билтен
-

Почнува судењето за апелацискиот судија кој во ѕид сокри 350 илјади евра
-

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ си разменија обвинувања – кој е патриот, а кој предавник
