Македонија
12. October 2022 - 21:16

Што велат бугарските аналитичари за отворањето клубови со провокативни имиња од бугарската историја?

Културен соживот меѓу Македонија и Бугарија да, но без провокации како во случајот со отворањето на културните клубови. Контроверзните имиња со кои се насловени се токму тоа – провокација која е непотребна и однапред смислена, вели бугарскиот аналитичар Дечев.

На вакво размислување го тера тоа што, како што вели, постојат многу други имиња кои би биле соодветни за назив на културни клубови кои би ги поврзале двете земји наместо да го прават обратното.

Македонските правници се децидни дека нов Закон за здруженија не треба да се чека, а клубовите со спорни имиња можат да се забранат и со постоечкото законодавство.

Во Благоевград за крајот на месецов е закажано отворање на македонски културен клуб кој ќе го носи името “Никола Вапцаров”.

Иако според Дечев, тоа е име кое е прифатливо за двете земји, сепак професорот не исклучува провокации.

Се уште неофицијално отворен, клубот веќе беше цел на вандализам, кога беше оштетен неговиот напис.

Реакција од македонското МНР немаше, но огорчено реагираа од здружението на Македонците во дијаспората Нов Асном, од каде оценија дека ова е напад на меѓуетничката толеранција во Европска Бугaрија.