Што треба да јадат мажите зима
Мажите имаат потреба од повеќе протеини и масти, за да бидат силни, активни и посетите на лекар да ги сведат на минимум.
Сите сме луѓе, но мажите и жените сепак имаат различни потреби. Обата пола имаат различни вкусови и потреба од различни прехранбени производи, за да се чувствуваат здрави и да бидат во хармонија со духот и телото.
Синџерот ресторани „Фудпанда“ направи листа на јадења коишто најмногу му годат на машкото тело зиме. Тука пред се, се запазува превенцијата од висок крвен притисок, мозочен удар, висок холестерол и срцеви заболувања.
Дивиот лосос содржи омега 3 масни киселини кои помагаат во намалување на триглицеридите и штитат од срцево-артериски заболувања.
Мешункастите плодови не содржат нездрави масти и го намалуваат холестеролот во крвта.
Печурките содржат малку калории и се извор на калиум, состојка којашто помага во намалување на крвниот притисок и неутрализирање на негативните ефекти од вишокот натриум.
Компирите исто така содражт многу калиум, но и го повишуваат либидото.
Јајце - доволно е само едно на ден поради 15-те проценти витамин Б (лактофлавин) во него. Тоа е состојка што ја преобразува храната во енергија.
Млечен кајмак помага при апсорпција на хранливите материи кои ни се потребни.
Месо, посебно свинската кртина, всушност и не е толку штетна, колку што некои лекари велат. Но, треба да бидеме умерени и да не претеруваме. Една консумација седмично е доволно и доста полезно.
Ново на Сител
-
Песков: Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина
-
Фон дер Лајен, Макрон и Мерц: Построги санкции ако Русија одбие примирје
-
Индија и Пакистан потврдија за договорен прекин на огнот со посредство на САД
-
Одбележана 10 годишнина од настаните во Диво Насеље
-
Турчин во Скопје со капак од шахта удирал по глава свој сонародник, пробал да го убие
-
Вработена во основно училиште пријавила дека била нападната од ученик
-
Жената која беше пријавена за исчезната, пронајдена почината
-
Федерер за последниот натпревар: Му кажав работи на Ѓоковиќ кои го разнежнија