Балкан
2. January 2018 - 15:36

Што сте вие, од каде сте?! - Сите сме Гробари од Карловац - се појави ново видео од претепаните Хрвати

Поминаа повеќе од 15-тина дена од „крвавото“ дерби на српскиот фудбал, меѓу Партизан и Црвена Звезда, а балканските медиуми секојдневно откриваат по некој нов детаљ околу немилите сцени и инцидентот кој го предизвикаа навивачите на „црно-белите“. 
 
Нередите и меѓусебната тепачка на фановите на Партизан ја предизвикале хрватски платеници, а меѓу нив имало и Македонец и Грк, а хрватскиот медиум „24часа“ ексклузивно открива дека хулиганите за да го предизвикаат овој инцидент добиле по 100 евра, од засега непозната личност од Белград. 
 
„Откако биле уапсени, еден од полицајците слушнам како хулиганите се жалат извикувајќи: „Не знаевме дека за 100 евра ќе добиеме толку ќотек“, пишува во објавата на хрватскиот медиум. 
 
За српски „Курир“ еден од претепаните хулигани откива дека нивната улога на јужната трибина, била да заштитат едно лице. 
 
„Ништо не знаеме што ќе се случи. Нам не ангажира една личност од Белград и ни рече дека треба да штитиме едно лице на трибината“.
 
Според српските закони, за делата за кои се обвинети, хулиганите кои учествуваа во овој инцидент, може да добијат затворска казна и до 12 години.