Што се случува со американските знамиња на Месечината?

Фотографиите на НАСА од Месечината направени во 2012, покажуваат дека барем пет од шесте американски знамиња и натаму стојат исправено, но научници тврдат дека поради сончевото повеќедецениско влијание, ја изгубиле бојата.
Ултравиолетовото зрачење на Сонцето ја избледува ткаенината и на Земјата, а бидејќи Месечината нема никаква атмосферска обвивка, знамињата се уште повеќе изложени на зрачењето, објаснуваат стручњаците.
- Некои знамиња можеби веќе и се распаднале... Во овие 40 години, знамињата биле изложени на сурови услови – наизменично: 14 дена силно Сонце, на 100 степени Целзиусови, па 14 дена леден мрак, од минус 150 степени Целзиусови. Но, на платното уште повеќе му штети интензивното ултравиолетово зрачење на чистата, „нефилтрирана“ сончева светлина, пишува експертот Пол Спудис во свој напис во списанието „Ер енд Спејс“.
- Америка се откажа од истражувањето на Месечината, и знамињата таму избледеле, зарем не е тоа иронично?, се прашува Спудис.
Ново на Сител
-

Tема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка
-

Четворица загинати во тешка сообраќајка на скопската обиколница
-

Четворица загинати во тешка сообраќајка на скопската обиколница
-

Преглед на вестите од светот
-

Без поместување на позициите заврши првата официјална средба Муцунски - Петрова Чамова
-

Фицо го одби предлогот на Мерц за полесно проширување на ЕУ
-

Антикорупциска откри незаконски вработувања и исплати во ТЕЦ Неготино
-

Градоначалникот на Скопје не отстапува со ограда да го затвори преминот на Бит Пазар – Граѓаните бараат семафор
