Македонија
25. February 2024 - 21:18

Што се крие зад вртоглавиот раст на цените за недвижности во Охрид

Цените на становите вртоглаво растат. На охридската ривиера се движат од 1500 до 2 000 евра, а во луксузниот апартмански комлекс Парк достигнуваат цена до 2800 евра за метар квадратен. Од пазарот на недвижности посочуваат дека иако во градот има ограничена понуда сепак побарувачката бележи раст па поради тоа  се очекува цените повторно да растат.

Интересот за викенд становите е најголем со оглед на тоа што Охрид е топ туристичка дестинација а истите се користат и за бизнис цели за станоиздавање на туристите.

Согласно планот за управување со Светското природно и културно наследство на Охридскиот регион под заштита на Унеско има умерена динамика на раст на градбата бидејќи има ограничувања во габаритите и во висината па според агенциите за недвижности сето тоа допинесува да имаме помала по обем но поквалитетна понуда.