Што открива месецот на раѓање за вашето здравје

Истражување спроведено од научници од Универзитетот „Колумбија“ укажува на врскате меѓу месецот на раѓање и човековото здравје.
Експертите тврдат дека токму месецот на раѓање има влијание на развојот на некои болести.
Доктор Николас Татонети, професор на Медицинскиот центар на Универзитетот „Колумбија“, со својот експертски тим, гп истражувал влијанието на месецот на раѓањето врз развојот на некои болести.
Тие проучувале медицински картони на над милион пациенти лекувани во Њујоршката презбитеријанска болница од 1985 до 2013 година. Резултатите од ова истражување се поклопуваат со тие од истражувањата кои биле претходно спроведени во Шведска, Данска и Австрија.
Експертите тврдат дека многу поголеми шанси да заболат од астма имаат луѓе кои се родени меѓу јули и октомври, а ризик за развивање на нарушувања кај хиперактивноста и дефицит на внимание има кај лица родени во ноември.
Луѓето родени во март почесто добиваат аритмија, конгестивен застој на срцето и болести на срцевите комори. Добра вест за луѓето родени во мај е дека шансите да заболат од хронични болести се многу мали, за разлика од родените во октомври.
- Овие податоци ќе им помогнат на научниците да откријат нови фактори кои влијаат на развој на некои болести. Важно е сега луѓето премногу да не се вознемируваат поради овие резултати. Иако најдовме значајни врски, генерално гледајќи, ризикот за заболување е навистина мал. Посебно ризикот поврзан со месецот на раѓање во споредба со многу повлијателните фактори, како исхраната и физичката активност, заклучува Татонети.
Ново на Сител
-

Стартува новата учебна година за околу 238.000 ученици
-

Мицкоски со порака до учениците: Нека знаењето биде патоказ кон иднината
-

Стартува новата учебна година во Охрид
-

Во Прилеп се запишаа 510 првачиња, 5.600 ученици има во основното, а 2.800 во средното образование
-

Муцунски од Бледскиот форум: Време е ЕУ повторно да ја покаже политичката волја за проширување
-

Тема на денот со потпретседателката на СДСМ, Јована Тренчевска
-

Ангелов: Пожарот на Пелистер еден од најтешките за гаснење
-

Транспортерите на предупредувачки протест ако нема решение, ќе ги блокираат границите
