Што очекува Франција од Европа во борбата против тероризмот
По ланските напади во Париз, француската Влада излезе со листа на барања до своите партнери од Европската унија, а истите барања сега ги повтори по последните терориситчки акции во Брисел.
Како што јави дописникот на МИА од Париз, француската Влада бара засилување на контролата на надворешните граници на ЕУ.
По тој повод во декември 2015 година беше променет членот 7-2 од Шенгенскиот договор, чие спроведување се очекува наскоро. Со оваа промена се дозволува да се проверува идентитетот на секој патник кој влегува или излегува од ЕУ со споредба на податоците на националните полиции и на европските.
Засега само извесен број на профили, на ризични лица кои не се со европско потекло беа предмет на овие конторли.
Француската влада исто така сака да влезе на сила „листата на регистрирани патници“ во авионскиот сообраќај, што се уште не е усвоено од страна на Европскиот парламент. Таа требаше да биде усвоена на почетокот на март, но некои европратеници од левицата, загрижени од злоупотреби на овие листи, извршија притисок ова гласање да биде одложено се до усвојувањето на текстот за заштитата на податоците.
Кога ќе биде изгласан, државите членки на ЕУ ќе треба да го пренесат овај текст во своите законодавства во рок од две години.
Третата точка на која инсистираат Французите е борба против трговијата со оружје.
Министерот за внатрешни работи Бернар Казенев, побара ревизија на директивата 91/477, која се однесува на огненоното оружје и трговијата со него.
Некои од оружјата користени за време на нападите во јануари 2015 потекнуваа од Балканот. Директивата во извесен дел е изменета во декември 2015, но таа целосно не е спроведена на дело.
Ново на Сител
-
Зеленски: Сите сојузници од Коалицијата на подготвените согласни се дека Русија ги отфрла иницијативите за мир
-
Русија протера естонски дипломат
-
Почина италијанскиот моден дизајнер Џорџо Армани
-
Гаши за утре закажа седница на собраниската Комисија за надзор над работата на АНБ и АР
-
Министерот Тошковски на средба со амбасадорката Агелер: Потврдена силна поддршка од САД за реформите во МВР
-
УХМР: Следува период на претежно стабилно време
-
МОН: Испораката на учебниците завршува деновиве, електронскиот дневник функционира без проблеми
-
Турските власти минатата година блокирале над 311.000 Интернет страници