Што ни кажуваат случаите Блага, Понта, Гица, Васеску, Удрја? Еден свет умира, но не се предава
Хотњуз - Букурешт
Последниот случај со поранешниот потпретседател на Национал-либералната партија, Василие Блага, поранешниот премиер социјалдемократ, Виктор Понта, пратеникот Себастиан Гица, поаншениот претседател Трајан Басеску и поранешниот министер за туризам Елена Удрја, заедничко имаат познат начин на финансирање на предизборните кампањи за кој обвинителите претпоставуваат дека биле коруптивни. Признавајќи дека сите партии се финансираат со „валкани пари“, поранешниот претседател се покажа како пророк во сопствената земја кога пред една година изјави: „Нема партија која е чиста. Кандидатите не беа оние кои се занимаваа со финансирањето, но кандидатите имаат своја морална одговорност“. Механизмот беше колку банален, толку и разорен за целото општество.
Одредени компании влеваат валкани пари на сметките на партиите или на кандидатите. Ако се приватни фирми, си ги повратуваат средствата преку договори со државата добиени како подарок по изборната кампања. Ако се државни, финаисирањето на кампањите претставува цената која ја плаќаат директорчињата за да останат на таа позиција.
Дел од парите собрани во кампањата влегуваа директно во џебовите на политичарите, иако не биле плаќани со спогодби или пред сведоци. Постои легенда дека некои партиски лидери избегале дома со парите за кампањата. Поред други, спонзорите зборуваат за тоа на цел глас. Тој корумпиран механизам потоа генерира верижна корупција и го изобличува целото општество. На прво место. достапот до ресурси се прави преференцијално, само определени фирми добиваат договори со државата.
Потоа се покажува дека политичките одлуки се заложник на една тесна група за која треба да се работи, заради валканите пари добиени за време на кампањата. Власта веќе не се спроведува практикува во име на општата благосостојба, туку во полза на една номенклатура која едноставно можете да ја наречете политичко-економска мафија. Цената за општеството е огромна. Така се раѓаат безмислените инвестиции кои се лоши изведени или направени само на хартија.
На политичарите, од своја страна, им годат лесно добиените пари, влегуваат во вртлогот на поткупот и стануваат негови заложници. На тоа налудничаво оро во последниве 25 години, се фати скоро целата политичка класа. Со мали исклучоци, сите се омрсија со валкани пари: политичари, приватни и државни фирми, политички консултанти, аналитичари и новинари...
Го слушав поранешниот претседател Трајан Басеску, истиот кој се бореше против незаконското финаисирање, на една телевизија да пелтечи дека обвинителите го пикаат носото во таа работа во услови кога сите партии работеле на тој начин. Зна.и имено тоа е главниот проблем. Ракот на таа пракса го зафати целиот политички систем, а тој маѓепсан круг треба на некој начин да биде прекинат. Чистењето не може да се направи со општа амнестија, како да се избрише со гумичка едно масовно криминално минато, ако се донесат подобри закони, и со надежта дека истите тие корумпирани политичари од утре ќе почнат да се однесуваат како светци. Тоа нема да го сторат, туку напротив. Ќе се мачат да преживеат, да продолжат да го прата она што го знаат. да разнебитуваат, да валкаат, да атакуваат, да ги колнат и пцијат сите оние кои се заканата за нивниот екосистем.
Националната дирекција за борба со корупцијата (НДБК), такните служби, судиите кои судат, новинарите кои го демаскираат нивниот валкан бизнис, невладините организации со исправни цели, сите се претворија во смртни непријатели на еден свет кој е во агонија. Надворешните пријатели кои ги поддржаа реформите, САД и Европската комисија, исто така се претворија во цели. Зантизападниот дискурс доби подем најмногу заради оние криминалци, големите нрпијатели на легалноста и утврдениот демократски ред со функционални институции.
Нападите кои бие изведени изминатите денови против шефицата на НДБК, лаура Кодруца Кјувеши, претставуваат израз на очајот на оние политичари во кои се во процесот на исчезнување. Тие гледаат како нивниот свет умира бавно, но не сакаат да прифатат дека една цела земја се променила, едно цело поколение се спротивстваува и протестира по улиците заради новните злоупотреби и арогантноста. Умираат, но не се предаваат лесно. Не разбираат дека нивната борба не води никаде. освен тоа, секој кој е обидел да ја промени државата за да спаси некое посебно лице, лошо завршил.
Безброј пати досега сме го гледале тој хорор филм со сцени на крвава војна. Го гледаме секој пат кога супермоќни персони кои се сметале за недофатливи, паѓале од пиедесталот. Се сеќавате ли каков медиумски хаос предизвикаа истрагите, процесите и пресудите за поранешниот премиер Адриан Настасе, медиумскиот магнат Сорин Овидиу Ванту, или политичарот и бизнисмен Дан Војколеску? Која беше судбината на армијата криминални министри и парламентарци? Што постигнаа секој пат кога се обидуваа во воздух да ја дигнат Романија, да постават претседатели, да уриваат институции и луѓе?
Не многу, би рекол. Пресудите дојдоа безмилосно. Истото ќе се случи и овојпат. Басеску, Удрја, Понта и Гица не прифаќаат дека не можат да ја вратат Романија во минатото. Ја немаат неопходната сила, а општеството веќе се р5азбиду, му се допаѓа да протестира и да бара повисоки политички стандарди. Е, овојпат коалицираат скоро сите поранешни господари на Романија и ги обединија огромните сили. Тешко е, но не е невозможно да се издржи со малку смиреност и мудрост.
Навистина, еден голем дел од медиумите продолжува да игра по нивната музика, затоа што телевизиите беа важен дел од механизмот на политичката корупција. Тие со години функциинираа како перални за валкани пари, или како инструменти за манипулација, поставени во служба на политичарите, така што немаат никаква причина да се радуваат на рушењето на еден свет во кој просперираа.
Би подвлекол исто дека политичарите почнуваат да ја губат основаноста дека се чувствуваат како жртви. Досега Понта се жалеше дека Басеску никој не го допира, Удрја гледаше со завист како Блага влегува само како сведок во НДБК додека тие отвараа нови дела. Војкулеску со години сму беше конкуренција на Ванту, во обидите да постави свој претседател, и на крај двајцата се најдоа во ќелии во затворот во Рахова. Никој веќе не може со убедливи аргументи да каже дека истрагите се прават преференцијално, за да и помогнат на една партија или друга, или дека обвинителите не си ја вршат дожноста.
Никој веќе не може да биде спокоен откако оставил толку траги во редицата долни пр5едизборни кампањи. Статистички гледано, од илјадниците фирми вмешани во нелегално финансирање, директно може некои да се покажи наклонет самиот да признае за да ги избегне обвиненијата. Постои голема шанса времињата кога политиката на прво место претставуваше еден голем бизнис, да заминат. Се продолжува да зависи од нашата способност да го зачуваме она кое во последниве години го добивне со големи напори. Но, всушност ништо конечно не сме добиле.
Забелешка: Новиот закон за финансирање на партите, кој стапи во сила во 2016 година, строго ја ограничува можноста за користење валкани пари во кампањите. Тоа се гледа и во кампањата за локални избори, која е многу посиромашна во споредба со други години, и кое ги натера кандидатите за се пожалат дека дошло до друга крајност - јавноста дури и не дознала дека има избори. Затоа кандидатот либерал Лудовик Орбан излезе од трката за Букурешт, имено заради начинот на кој се обидел да ја финансира својата кампања.
Ново на Сител
-
СДСМ бара, ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа храна без ДДВ
-
Минчев: Некомпетентите јавни службеници ќе се доедуцираат преку посебна академија
-
Директорот на Детска брои чиј мандат имало повеќе починати деца - ДСЗИ во надзор за последниот смртен случај на Клиниката
-
Епохално археолошко откритие
-
Николоски: Важна средба на Мицкоски со Макрон
-
ВМРО-ДПМНЕ: ЈО да ја отвори истрагата за мазутот во ЕСМ
-
ДКСК: Екс министерката за култура трошела незаконски
-
Минчев: Новото законско решение ќе биде уставно