Што му минавало низ глава обидувајќи да се самоубие со скок од мост!
Голден Гејт мост е место од кое скокнале преку 2.000 очајни луѓе. Кевин Хинес е меѓу оние еден посто кои преживеале. Одлучил своето искуство да го сподели со светот.
Кевин е роден пред време, а во организмот уште како бебе имал дрога. Напуштеното дете го прифатиле и згрижиле семејството Хинес, но на 17 години тој повторно се наоѓа на раскрсница. Почнал да страда од ментално нарушување. На крајот веќе неможел да издржи.
"Се сеќавам на моментот кога пишував проштално писмо. Шетав долж оградата на мостот. Луѓето минуваа покрај мене, автомобилите исто така. Една жена ми пријде и ме замоли да ја сликам по што замина. Се качив на оградата и скокнав", вели Кевин.
Во истиот момент помислил на иста работа на која мислеле сите оние кои се нашле во слична ситуација.
"Штом нозете ми ја напуштија оградата - зажалив што скокнав. За четири секунди паднав со брзина од 80 километри на час од висина од 25 катови. Кога удрив во водата тоа беше најголемата физичка болка која некогаш сум ја почуствувал во животот".
Го спасил член на крајбрежната стража кој го видел неговиот обид да се самоубие. Кога се разбудил во болница го видел неговиот татко.
"Жал ми е тато", му рекол.
"Не Кевин, ја сум тој на кој му е жал", му одговорил неговиот татко.
Од тој ден, секогаш заѕвонува телефонот на неговиот татко тој помислува "Боже, само Кевин да е жив".
"Вистина е дека се чуствував дека на никој не му е битно за мене. Не, на сите им било битно - но тоа јас неможев да го видам", открива Кевин.
"Во ред е да признаеш дека не се чуствуваш добро и да побараш помош. Заздравувањето е можно. Јас сум жив доказ", порачува Кевин.
Ново на Сител
-

Koшта ги пофали реформите, но порача дека уставните измени се единствен начин за започнување на преговорите
-

Со законски измени ќе се бришат невработените, кои работат на црно
-

Тема на денот со Никола Димитров, поранешен министер за надворешни работи и потписник на Преспанскиот договор
-

Кошта во Скопје
-

Кошта доаѓа во Скопје
-

Средба Сиљановска-Пелегрини
-

Муртезани: Тврдам дека и во следниот извештај Македонија ќе биде прва земја од ЗБ по однос на спроведени реформи
-

Пендаровски потврди дека имало различни идеи за уставни измени со помош на меѓународната заедница
