Што ќе влијае најмногу- митинзите, споровите или претседателските дебати?
Четири телевизиски дебати помеѓу претседателските кандидати ќе видат граѓаните до изборите на 21 април. Како на ниту едни избори досега професорите Гордана Силјановска Давкова, Стево Пендаровски и Блерим Река се одважија да ги соочуваат своите аргументи.
Политичките аналитичари велат дека се работи за позитивен исчекор на политичко претставување. Сепак, коментираат дека досегашните дебати биле премлаки за македонски вкус, без да се поентира пред противкандидатот.
И покрај тоа дебатите ќе имаат свое влијание во освојувањето на гласовите бидејќи на овој начин тие се обраќаат до поширока публика, за разлика од нивната кампањата каде што се обраќаат на таргетирана група. Сепак, генерално кандидатите и на телевизија се држат до определбите на партиите кои ги поддржуваат.
Силјановска Давкова, Пендаровски и Река ќе имаат претседателска дебата и на Сител, утре во 16.30.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
