Што ќе се случи ако 60 дена пиете сок од домати?
Научници го истражуваат дејството на доматниот сок врз човечкиот организам. Во истражувањето учествувале жени на различна возраст, со различна тежина и потекло.
Во текот на два месеци тие пиеле по една чаша доматен сок на ден. За време на експериментот учесничките во него не ги смениле секојдневните навики, а само по неколку дена утврдиле дека ослабеле.
Научниците нагласуваат дека не станува збор за губење на течности во организмот, туку за топење на мастите. Учесничките во експериментот намалиле во половината во просек по 1,6 -2 см., Имале пониско ниво на холестерол и зголеменото ниво на ликопен во крвта, антиоксиданс кој позитивно влијае на здравјето.
Доматите се нискокалорични и во сок од 0,35 л. има само 80 калории. Тие се богати со натриум, калциум, калиум, магнезиум, витамин B, C и АБ. Докажано е дека високото присуство на ликопен во доматниот сок го спречува развојот на канцерогените клетки, ги прочистува крвните садови и го спречува појавувањето на срцеви болести.
Сокот од домати помага во намалување на крвниот притисок, спречува тромбоза, ја регулира работата на црниот дроб, панкреасот и жолчката. И што е најважно, за да го почувствувате ефектот, потребно е да конзумирате домашен доматен сок, подготвен од свежи или варени блендирани домати. Сокот од домати во продавница содржи конзерванси и многу шеќер.
Ново на Сител
-
Иран жестоко го нападна Тел Авив, Израел најавува одмазда
-
Левица инсистира на надзорна расправа во Собранието за трагедијата во Кочани
-
Европскиот фронт смета дека треба да разговара за одговорност за трагедијата во Кочани
-
Земјотрес во Охрид и околината
-
Оружјето низ историјата-раритетна изложба во штипски „Безистен“
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со доктор Катерина Мирчовска, директор на кочанската болница
-
Со владиниот авион ќе бидат евакуирани македонците кои се наоѓаат во Израел