Што ги прави Ескимите така издржливи на студот?
Науката открива дека Ескимите се наследници на древниот сибирски народ наречен Денисовски луѓе, кои живееле во Сибир пред 40.000 години. Нивните гени ги прават денешните жители на Гренланд поиздржливи на студ, пишува списанието „Молекулар Бајолоџи енд Еволушн“.
Научниците ги споредиле гените на 200 Ескими од Гренланд, со ДНК-та на Неандерталците и „Денисовците“. Притоа, има совпаѓање на два гена - TBX15 и WARS2. Генот TBX15 одредува како човековото тело реагира на студот, но и складирањето на мастите. Овие гени ги нема кај Неандерталците и многу ретко ги има во современите луѓе.
Денисовскиот човек се смета за исчезната човечка раса, чиишто остатоци се откриени пред се во Алтајските предели во Русија.
Сево ова фактички докажува дека предците на денешниот човек, разните цивилизации кои живееле во древноста имале контакт меѓу себе, па така дошло и до одредено мешање помеѓу „видовите“.
Тоа ќе рече - „Денисовците“ живееле на истата територија, како и Неандерталците и современите луѓе. Денес нивните „потомци“ живеат во посеверните области на Европа и Азија.
Ново на Сител
-
Поради дефект без вода дел од Сопиште
-
Едно лице убиено, а едно повредено во престрелка во Топанско поле
-
Успешно завршено Националното кик бокс првенство, кик боксот спорт број 1 во Македонија
-
Дончиќ дебитираше за Лејкерс, „езерџиите“ запишаа шеста победа по ред
-
Нова серија на земјотреси во морскиот дел меѓу островите Санторини и Аморгос
-
Седници на четири собраниски комисии
-
КБК Шампион најдобар на Националното кик-бокс првенство
-
Потпишување договори меѓу АД ЕСМ и Банкарска група KfW