Штипското комунално претпријатие „Исар“ должи 186 милиони денари
Лоша е финансиската состојба во штипското комунално претпријатие „Исар“ е оценката на новиот директор Живко Тасев. По три дена од неговото назчачување за вршител на должноста директор на најголемото јавно претприајтие во Штип затекнал побарувања од 133 милиони, а долг од 186 милиони денари.
- Самите бројки кажуваат за разликата меѓу побарувањата и долгот. Овде можам да кажам дека најголем долг е кон Министерството за фиансии околу 68 милиони денари. Тоа е заостанат долг од кредитот кон Светска банка што го презеде Министерството за финансии, вели Тасев.
Според анализите ЈП „Исар“ кон фирмите добавувачи должи околу 45 милиони денари, кои како што рече тоа се четири и пол плати за вработените во претприајтието. Во моментов на сметката има четири милиони денари, а направена е и динамика на исплата на долговите.
- Кога дојдов возниот парк беше во лоша состојба, веќе се поправат возилата. Досега за овие три дена можам да кажам дека почнуваме од нула. За идното работење ми дава за право да кажам дека со 17 годишно работно искуство тимот што ќе го одберам, добрата соработка со градоначалникот да одговориме на сите предизвици што ги носи едно јавно претпријатие како што е „Исар“, вели Тасев.
Тој забележа дека домаќинствата за сметките за вода и ѓубрарина должат околу 22 милиони денари, но имаат и околу 80 милиони денари, за кои граѓаните кои должат веќе се тужени. Наплата на сметките од страна на штипјани е околу 80 отсто кон ЈП „Исар“. Тасев веќе почнал и со штедењето, забележал дека камионите и тракторите за смет полнеле гориво двата во неделата.
- Дојдовме до заклучок дека не може едно возило кое собира 60 литри гориво да се полни вторник и петок. Значи за три дена е да се поминат со тоа гориво околу 60 километри, вели Тасев.
Новит директор на ЈП „Исар“ рече дека во тек е изготовка на Програмата на штипското комунално претпријатие за наредната година, во кое ќе се стави акцент ан новите проекти кои се во интерес на граѓаните на Штип.
Ново на Сител
-
Во Гевгелија започна изградбата на Трговски центар, инвестиција вредна околу 20 милиони евра и отворање на 350 нови вработувања
-
Процесот е во финална фаза, очекувам во јануари банките да почнат активно да пренесуваат дел од средствата од унгарскиот заем до компаниите, вели Мицкоски
-
Мицкоски: Не би шпекулирал дали Груби е во Албанија или во Косово, факт е дека не бил чист како солза
-
Возач бегајќи од полицијата се забил во продавница во трговски центар во Тексас, ранил петмина и бил застрелан
-
ФФМ избра нов претседател
-
УХМР: Студен бран со врнежи од дожд и снег
-
Водата од водоснабдителниот систем на град Скопје е санитарно исправна и може непречено да се користи
-
Путин: Русија е подготвена да ги нормализира односите со САД, но не на сметка на руските интереси