Штипското Инфективно одделение преполно со пациенти, стапува во сила планот Б
Штипското Инфективно одделение во попладневните часови ќе го заземе и просторот на Одделението за неврологија, од причини што и дополнителните болнички кревети се пополнети.
Дијана Шиишкова од Инфективното одделение за МИА вели дека на одделението имаат 42 пациенти, од кои двајца се пуштаат на домашно лекување. Таа информира дека раководството на болницата ја донело оваа одлука, со што во сила стапува планот Б. Пациентите од Неврологија и целиот медицински персонал заминува на одделот за Урологија, со што се ослободуваат дополнителни 15 болнички кревети.
-Нема да има проблем во функционирањето на одделението, бидејќи зградата е поврзана целина и до пред неколку години беше составен дел од Инфективното одделение, кога тука поради лошите услови беше преселено одделението за неврологија, вели Шишкова.
Таа истакна дека на помош ќе им дојдат и медицински сестри, но и лекари интернисти, кардиолози и анестезиолози од одделенијата во штипската Клиничка болница, со оглед на поголемиот број на пациенти, на кои им треба болничко лекување.
Состојбата на пациентите кои се лекуваат на Инфективното одделение е променлива, имаат и со средна, но и со тешка клиничка слика. Околу осум пациенти се на повремена кислородна поддршка.
Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски вели дека Општинскиот кризен штаб ја следи состојбата со новите случаи на заразени со коронавирусот.
-Ја следиме состојбата. Во моментот имаме појава на поединечни случаи во неколку државни и општински институции, но тоа се контакти од веќе постојните кластери и нема појава на поголеми групи на заболени од вирусoт, вели Бочварски.
Ново на Сител
-
Србија: Приведени четворица припадници на косовската полиција
-
СПМ: Пендаровски секогаш бара вина кај другите
-
Османи: Петмина косовски полицајци се држат во заложништво во Србија
-
Неделков: СОНК нема да дозволи исплата на плата спротивно на Колективниот договор за дејноста култура
-
Над 20 слаби земјотреси регистрирани во Турција
-
Герасимовски: Решен децениски проблем со безбедноста на сообраќајот на улицата ,,Наум Наумовски Борче"
-
Четврти ден штрајк на приватни специјализанти
-
Мицотакис: Да направиме сè што е во наши раце за смирување на кризата на Блискиот исток