Штипското Инфективно одделение остана со двајца инфектолози
Штипската Клиничка болница остана со двајца инфектолози за пациентите од целиот источен регион. Проблемот со недостиг на лекари на Инфективното одделение го решава со ротирање на лекари од другите одделенија.
Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев вели дека проблемот се појавил откако еден од инфектолозите заминал на боледување, а Општата болница во Струмица си го врати инфектологот во матичната болница, поради големиот број на новозарзени во овој регион.
– Работата ја менаџираме со сопствен кадар, заедно со интернистите и кардиолозите од нашата Клиничка болница се пополнуваат дежурствата на помош се повикуваат и дел од онколозите, коишто работат во болницата и оние четири општи лекари, кои ги имае примено и се секундарци и тие даваат придонес во работата на Инфективното одделение, вели Ѓеорѓијев.
Во моментов во регионалниот Ковид центар во Штип се хоспитализирани 35 пациенти и четворица се суспектни. Пациенти има од целиот источен регион, но според бројката доминираат од делчевскиот регион.
Ново на Сител
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Изборна статистика
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг
-
МВР подготвено за избори