Штипско средно училиште „Коле Нехтенин“ инвестира во енергетска ефикасност

Во средното регионално електро-машинско училиште СОУ „Коле Нехтенин“ во Штип од денеска почна да се реализира проектот за енергетска ефикасност. Директорот на училиштето, Атанас Крстовски вели дека во проектот за енергетска ефикасност предвидено е да се заменат 51 врата на учелниците, кабинетите и на санитарните јазли, потоа промена на светилките во целото училиште со штедливи светилки и поставување на три сончеви колектори.
-Поставувањето на сончевите колектори е за снабдување на спортската сала и на кабинетите за угостителската струка со топла вода. Исто така ќе имаме и промена на некаде околу 250 метри на стакло, на самите проозрци, вели Крстовски.
Тој истакна дека инвестицијата изнесува околу 20.000 евра, од кои дел од средствата ги обезбедува Општина Штип, а останатиот дел од буџетот на самото училиште.
-Првичните пресметки беа дека ќе имаме заштеда од 20 до 35 проценти, значи овде станува збор и за заштеда на нафта и електрична енергија, така да мислам и 20 отсто не е мал процент во едно училиште или во еден објекти, рече Крстовски.
Средното регионално електро-машинско училиште „Коле Нехтенин“ ќе продолжи со други проекти за енергетска ефикасност на самиот објект. Крстовски вели дека веќе се бара и партнер од соседна Бугарија, за аплицирање на проект за енергетска ефикасност, а парите да се обезбедат преку Програмата за Меѓугранична соработка меѓу Македонија и Бугарија.
Ново на Сител
-

Силјановска и Јотова на средба во Бугарија
-

Седница на ИК на ВМРО ДПМНЕ
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за обрзование и наука
-

Преглед на вестите од светот
-

Силјановска и Јотова на средба во Бугарија
-

СДСМ поднесе интерпелација за министерот Трипуновски поради лошата состојба во земјоделието
-

Железничко поврзување Скопје - Софија во 2031 година
-

Обложувалниците против новиот закон
