Штипските пензионери задоволни од зголемувањето на пензиите
Штипските пензионери денеска го добија зголемувањето на своите пензии од над 600 денари. Претседателот на Здружението на пензионери за општините Штип и Карбинци, Михаил Василев го поздрави покачувањето на пензии, бидејќи денеска повисоки пензии во своите домови ќе имаат околу 9.500 пензионери од Штип и Карбинци.
- Задоволни сме што го добивме покачувањето на нашите пензии, со покачените над 600 денари 9.500 пензионери, односно семејства во Штип ќе добијат повеќе пари со кои што ќе можат да си подмират една од давачките кон општината или државата, како што се сметките за вода, данок или ќе платат дел од сметката за струја, вели Василев.
Пензионерот Благој Георгиев, кој веќе 15 години редовно ја зема пензијата вели дека секое зголемување е добредојдено за буџетот на неговото семејство, бидејќи како што вели како пензионер на своето семејство помага и со подмирување на дел од сметките, со што младите имаат подобар животен стандард. Тој ја искористел и владината мерка за бесплатно бањско лекување.
Ново на Сител
-
Голема акција на Финансиската полиција, се вршат претреси во Куманово, Липково и Желино
-
Реакции по скандалот на натпреварот Брегалница - Шкупи
-
Се поголем бројот на пловила
-
М. Брод ќе биде првата општина која што ќе добие Дневен центар за активно стареење во рурална средина, во с.Самоков
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-
На кулата на АЕК ќе има панорамски ресторан - сообраќај до врв на Водно не е опција
-
Повредени двајца пионери на Брегалница