Штипските ловци се подготвуваат за хајки на волци
Штипското ловно здружение „Ловец“ се подготвува за организирани хајки за отсрел на волкот како штетен дивеч. Секретарот на ловното здружение „Ловец“-Штип , Ване Јованов вели дека првите организирани хајки ќе ги организираат во февруари, а волкот ќе се лови на терените околу селата Сушево и Чардаклија.
-Оваа година немаме големи штети од волкот. Се утврдуваат две локации, станува збор за село Сушево и за село Чардаклија, каде што ќе бидат сконцентрирани и хајките, што се планираат за месец февруари. Во јануари не се направени такви хајки, затоа што волкот стагнира со својата популација, вели Јованов.
Тој исткна дека последните неколку години ловците отсрелувале меѓу 10 до 20 волци, а во текот на оваа ловна сезона отсрелани се само три волка. За отсрел на овој штетен дивеч државата им дава и парична награда на ловците. Сметаат дека наскоро ресорното министерство треба да го одобри и отсрелот на чакалот, кој веќе се пренамножил не само во штипскиот, туку и во остнатите региони.
Ново на Сител
-
Владината програма за 2025 во функција на остварување на стратешките приоритети
-
ИЈЗ: Растат бројките на заболени од грип, но состојбата не е алармантна
-
Македонската зелка нема опасни пестициди
-
Купете си изгубен куфер за 120 денари
-
Преглед на вестите од светот
-
Запрена постапката за организаторите на 27 април - Судот утврди дека и за нив важи амнестијата
-
Вешти лица - Илијевска убиствата ги извршила во афект, стравувајќи за сопствениот живот
-
Грчкото МНР му одговори на Мицкоски - Македонското прашање е решено и дефинитивно