Штипскиот универзитет организира Отворени инфо денови
Универзитетот „Гоце Делчев“(УГД)-Штип од денеска почна со Отворените инфо деновите, со цел матурантите да се запознаат со факултетите и академиите и какви наставни програми ќе им понудат во новата академска 2017-2018 година. Ректорот на универзитетот „Гоце Делчев“, Блажо Боев вели дека како една од двете водечки високообразовни институции во земјава посветува внимание на својата промоција пред идните студенти на овој универзитет.
- Идните студенти можат да видат дека ова е вистинското место за нивното студирање и дека ова е прав универзитет за нивниот избор. Мислам дека тие ќе го направат правиот избор и ќе дојдат да студираат на УГД-Штип, вели Боев.
Тој информира дека аналитичкиот центар на УГД-Штип има направено анализи, колку матуранти оваа година ќе изберат да студираат на 12 факултети и трите академии на универзитетот. Анализите покажуваат дека реална бројка е 2.300 на запишани студенти во прва година на штипскиот универзитет во академската 2017-2018 година.
- Сите студиски програми се реакредитирани и од оваа година со нови акредитирани студиски програми во поглед на она што значи обезбедување на вработување и во поглед на она што значи поврзување на нашите студиски програми со стопанството и со индустријата, вели Боев.
Проректорот на УГД-Штип, Кирил Барбареев вели дека вакви Отворени инфо денови ќе имаат и во наставните центри во Струмица, Кавадарци, Прилеп и Скопје, каде што средношколците од завршните години ќе можат да се запознаат со условите за студирање, но и што им нуди универзитетот во текот на студирањето, со вклучување во Центрите за истражување и можноста за размена на знаење и искуства на други европски универзитети преку Еразмус плус програмата. Барбареев најави дека во текот на мај трите академии им нудат и културни содржини на младите, со гостување на Млад отворен театар, а исто така ќе има и настап на голема танчерска група од Кина и САД.
Ново на Сител
-
Алармантна состојбата со недостиг од медицински сестри
-
Хуманитарен пикник на „Алкалоид” - собрани над 1,8 милиони денари кои одат за Црвен Крст
-
Екологистите бараат крај на палењето стрништа и пластика и системски решенија
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Петар Арсовски, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот
-
11 полицајци од СВР Велес на дисциплинска за случајот со убиената Росица
-
Полицијата денеска со опомени за оние кои со телефон и слушалки поминуваа улица, од утре ќе казнува