Штипски солидарен фонд ќе им помага на деца и млади до 18 години со тешки и ретки болести
Идејата за Солидарен фонд за лекување деца и млади до 18 години кои имаат ретки болести и специфични болести доби поддршка од советниците во Советот на Општина Штип. Претседателот на Советот на Општина Штип, Јане Миланов истакна дека вакво тело претходно било формирано, но во пракса тоа не ги дало очекуваните резултати.
– Го направивме првиот чекор за заживување на оваа благородна идеја за да може овој фонд да овозможи издвојување на финансиски средства на лица со ретки и специфични болести за лекување во земјата и странство, а приоритет ќе имаат деца и млади до 18 години, вели Миланов.
Тој истакна дека со одлуката ќе следат и промени на членовите на Управниот одбор, со цел Солидарниот фонд да почне со своето функционирање.
– Новиот Управен одбор треба да изработи нов статут и да направи измени во статутот на фондацијата, што значи ќе се променат и целите на оваа фондација, во насока на финансиска поддршка на лицата, кои имаат тешки и ретки болести, рече Миланов.
Одлуката за формирање на Солидарен фонд, општината Штип ја донесе откако имаше голем број барања за собирање помош за лекување. Тоа иницираше идеја наместо по институциите, родителите да се обратат во општината, каде ќе се формира специјален фонд за оваа намена. Парите главно ќе се собираат од донации, а ќе се делат по точно утврдени критериуми.
Ново на Сител
-
Земјотрес со јачина од 2,9 степени регистриран во околината на Ресен
-
Пелоси го обвинува Бајден за поразот на Харис и демократите
-
Млад манијак осомничен за полов напад на две девојки во Битола
-
Чешкиот претседател стравува дека договорот меѓу Трамп и Путин ќе биде на штета на Европа
-
Пуштање во употреба на хидросистемот „Ѓавато“
-
Состојба на патиштата
-
Српскиот премиер очекува уште оставки поради трагедијата во Нови Сад
-
Зоолошката градина во Скопје од денеска повторно отвoрена за посетители