Македонија
1. March 2016 - 15:27

Штипски „Исар“ поставува 100 нови канти за отпадоци

Во Штип започна поставувањето на 100. канти за отпадоци што ги изработија учениците и наставниците од средното регионално електро-машинско училиште „Коле Нехтенин“ за потребите на штипското комунално претпријатие „Исар“.

Како што информира Ангел Бојаџиев, директорот на ЈП „Исар“,  тие како јавно претпријатие го обезбедиле материјалот, а учениците ги изработиле кантите за отпадоци во работилниците на СОУ „Коле Нехтенин“.

- Започнавме од денеска да ги поставуваме овие канти за отпадоци ширум градот, најпрвин на улицата „Ванчо Прке“, потоа на улицата „Сутјеска“ ќе продолжиме во населбите „Сењак“, „Леваци“, „Деснаци“ и ќе ги покриеме овие населби со канти за отпадоци. Еден апел до граѓаните да го фрлаат ѓубрето во кантичките и да не ги уништуваат, бидејќи развиените општини имаат не затоа што се побогати, туку заради тоа што знаат да чуваат, порача Бојаџиев.

Тој најави дека во текот на наредните месеци низ центарот и населбите ќе бидат поставени и 100 нови пластични контејнери.