Штипски „Исар“ ја реконструира водоводната мрежа во населбата „Пребег“
Штипското комунално претпријатие „Исар“ од денеска почна со реконструкција на водоводната мрежа во населбата Пребег, каде што жителите имаат постојано проблеми со притисокот на водата. Директорот на ЈП „Исар“, Ангел Бојаџиев вели дека денеска се санира водоводната мрежа на улицата „21 мај“.
-На оваа улица имавме чести дефекти, линијата е доста застарена. Ова го реализираме по барањето на граѓаните до градоначалникот Илчо Захариев, кој веднаш ни издаде налог и ние пристапивме кон решавање на проблемот. Само на оваа улица инвестицијата чини 200.000 денари, вели Бојаџиев.
Истакна дека по реконструкцијата на водоводната мрежа на оваа улица, екипите ќе продолжат на улиците „Скоевска“, „Славонска Пожега“ и на дел од „Вељко Влаховиќ“ во населбата Пребег. Бојаџиев забележува дека со реконструкцијата очекува граѓаните од оваа населба, која се наоѓа во високата зона на градот нема да имаат постојано проблеми со водоснабдувањето.
Ново на Сител
-
Камбовски: Набрзо ќе биде избран в.д. претседател на Врховниот суд
-
Oд метастазиран рак до без рак за неколку месеци
-
Приведено лице од Крушевско за предизвикување пожар
-
Волците во Европа преминуваат од „строго заштитени“ во „заштитени“ животни
-
Фетел: Шумахер е најголемиот возач во историјата на Формула 1
-
Студенти од ФИНКИ ќе му помагаат на МОН во унапредување на дигиталното работење
-
Зеленски: Украина сака мир
-
Додик повикан на распит во Обвинителството на БиХ за поткопување на уставниот поредок