Штипски „Исар“ инвестира во водоводната мрежа во село Криви Дол
Штипското комунално претпријатие „Исар“ од денеска почна со изградба на главната водоводна линија во селото Криви Дол. Инвестицијата изнесува 600.000 денари.
Директорот на ЈП „Исар“ Ангел Бојаџиев информира дека екипите денеска ја поставуваат главна водоводна линија од над 1.300 метри, со што, како што рече, 50 домаќинства во ова село ќе имаат нормално водоснабдување, за разлика од претходните години кога водоводниот систем во ова село беше одржуван од самите мештани.
- Ова село имаше доста проблеми со недостиг на вода во текот на летниот период, затоа што одреден дел од населението ја наводнуваше сопствената луцерка, а водата не доаѓаше до одредени корисници. Тие сами ја одржуваа водата, имаа чести проблеми и често пукање на цевките. Ние сега го преземаме одржувањето на водоводниот систем во село Криви Дол, истакна Бојаџиев.
Тој нагласи дека досега ЈП „Исар“ има преземено за одржување четири водоводни системи во селата. Во тек е и инвестиција за подобрување на водоснабдувањето во село Врсаково.
Ново на Сител
-
Зеленски и Трамп на средба во Белата куќа
-
Тема на денот со Горан Ангелов, директор на Агенцијата за иселеништво
-
Зеленски средба со Трамп во Белата куќа
-
Мицкоски и Ердоган потпишаа договор за формирање совет за соработка на највисоко ниво
-
Странските инвестиции лани надминаа милијарда евра
-
СДСМ бара оставка од Кочоска - Министерката која понижува граѓани не заслужува да раководи со институција
-
Владиниот предлог за разрешување на државниот Јавен Обвинител се уште патува до Судскиот Совет
-
Екс-директорот на Шутка не заврши во Шутка