Штипски „Исар“ ги уредува парковите
Штипското комунално претпријатие „Исар“ работи на возбновување на зеленилото на двa паркa во населбите 8 Ноември и Баби. Екипiте од Паркови и зеленило од денеска работат на санирање на паркот во 8 Ноември, откако таму зеленилото беше речиси уништено со поставување на рингишпил, за време на манифестацијата „Пастрамајлијада“.
-Работната единица „Паркови и зеленило“ има активност каде од денеска па во наредните денови интензивно ќе ја возобновува оштетената зелена паркова површина. Тоа значи дека со помошен алат ќе се обработува почвата, ќе се сее семе од трева, и редовно ќе се наводнува овој дел од паркот. Ова е со цел за покрактко време овој дел од паркот повтоерно да биде функционален за одмор и рекреација на граѓаните кои живеат во оваа населба, но и за останатите граѓани, вели Живко Тасев,директор на ЈП Исар-Штип.
Тој истакна дека деновиве по реакција на граѓаните, но и на политичката партија ГДУ е санирана депонијата во близина на Општинското основно училиште „Славејко Арсов“ во населбата Баби, каде што има и голем парк. Но, откако темелно е исчестено ѓубрето, за неполни 24 часа некои несовесни граѓани повторно направиле мала депонија.
–Позади мене има едно урбано катче да можат луѓето да одмарат. Апел до сите граѓани за да нема грди слики отпадот да го стават во контејнерите, а не околу нив, вели Тасев.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Борис Кондарко, претседател на Државната изборна комисија
-

Изборен молк
-

Гласаат изнемоштени, болни и затвореници
-

Цеца на концерт во Велес развеа бугарско знаме
-

Бугарија забрани извоз на нафта, Македонија нема да биде погодена од ваквата мерка
-

Македонски Каритас преку проект ги мотивира младите за кариерен развој
-

Дневно во Клиниката „Козле“ имаат по 150 прегледи на болни деца
-

Рапиден раст на бројот на пациентите со мозочен удар
