Македонија
8. October 2025 - 12:36

Штипјанец возел со 3,02 промили алкохол во крвта и удрил во друго возило

На 07.10.2025 во 21:45 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода Р.Ѓ.(58) од Штип.

Претходно, околу 21:10 часот на крстосница од ул.„Борис Крајгер“ со ул.„Џемал Бједиќ“ во Штип со патничкото возило „ауди“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во патничко возило „сеат“ со штипски регистарски ознаки, управувано од 21-годишната А.П. од Штип.

Додека, при преземање мерки во врска со незгодата констатирано е дека тој е под дејство на алкохол, односно измерени му се 3,02 промили алкохол во крвта.