-->
-->
Штипјанец починал на пат кон болница откако се здобил со тешки повреди на работното место
-->
Вчера во СВР Штип е пријавено дека околу 10.00 часот на пристапен пат во близина на асфалтната база на место викано „Ежово Брдо“, се повредил при извршување на работни задачи Г.М.(50) од Штип, додека управувал товарно возило „мерцедес бенз“, со штипски регистарски ознаки, велат од МВР.
Тој бил пренесен во Клинички центар Штип, каде му биле констатирани тешки телесни повреди, а потоа транспортиран кон Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, при што починал при транспортот.
Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Штип, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Стојановски ќе се бори за златен медал на ЕП во Таеквондо за кадети
-
Барале пари за да дадат информации - Нови детали за изчезнувањето на Лидија
-
Родри ја освои Златната топка со 41 глас повеќе од Винисиус
-
Мицкоски: Се обидуваме „Рош“ да се вратат и граѓаните да добијат врвна здравствена услуга по конкурентни цени
-
Според тестирањата во прилепските градинки, секое второ дете има проблеми со говорот
-
Мицкоски: Дефинирани се цените и производите опфатени со новогодишната кошничка
-
Од утре температурите пониски за пет до седум степени
-
ПСЖ би можел да го ангажира Куртоа за да му се одмазди на Реал за Мбапе