Македонија
28. April 2023 - 17:31

Штипјанец неовластено трошел пари од туѓа картичка - Се стекнал со 70.300 денари

СВР Штип поднесе кривична пријава против А.Ј.(37) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

Во периодот од 13.04. до 19.04.2023, пријавениот ги обезбедил податоците од дебитна картичка на лице од Италија, со привремен престој во Штип, по што извршил 72 успешни трансакции на 27 продажни места и се стекнал со противправна имотна корист од 70.300 денари.