Штипјанец ја претепал поранешната девојка, па објавувал љубовни фотографии на Инстаграм
СВР Штип поднесе кривична пријава против З.М.(23) од Штип за сторени кривични дела “телесна повреда при семејно насилство“ и “злоупотреба на лични податоци“.
Од полицијата информираат дека на 23-ти февруари околу 00,10 часот, во кафе бар настанала вербална расправија помеѓу пријавениот и 23 годишна девојка со која бил во љубовна врска, по што насилно ја изнел надвор од објектот каде почнал да ја удира со тупаници во пределот на главата и телото, од што истата паднала на земја, а пријавениот продолжил во намерата, нанесувајќи и видливи телесни повреди.
– Истиот ден, околу 14,30 часот, пријавениот без знаење и согласност од оштетената ги искористил нејзините лични податоци и направил лажен профил на апликацијата „Instragram“ и постирал нејзини фотографии кои биле сликани од неговиот и нејзиниот телефон додека биле во љубовна врска, информираат од МВР.
Ново на Сител
-
Најзагадениот град во светот ги полни амбулантите со пациенти
-
Врсничкото насилство е најчесто меѓу основците, оваа година стигнале 30 претставки до омбудсманот
-
Хаос во јавните претпријатија во Скопје
-
Тутунарите бараат просечна цена од 420 ден. за кг., денеска од 305 ваги работат само 19, тутун не се предава
-
Стартува амандманската расправа за буџетот - Поднесени над 300 амандмани од опозициски партии
-
Ќе растат платите на здравствените работници - Премиерот и синдикатот потпишаа договор
-
Продолжуваат преговорите со банките за кредитите за стопанството
-
Николовски: Изградбата на Коридорот 10 е приоритет и покрај обидите на Бугарија да ја заобиколи Македонија