Штип наредната година ќе го решава сообраќајниот хаос во центарот
Општина Штип го крои новиот буџет за 2020 година, но и новата развојна Програма, во којашто се нотирани приоритетните проекти. Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски истакна дека по завршување на новата обиколница и поставување на мостот на реката Брегалница, за наредната година како приоритетен проект е ставена улицата „Васил Главинов“, односно средување на сообраќајниот хаос низ централното градско подрачје.
-Ние проектот за обиколницата го привршуваме, а ќе биде ставен во приоритетната програма за наредната година, бидејќи првично очекувам во месец јануари да имаме исплати за завршување на мостот, а ќе стигнат и фактурите за обиколницата. Доколку завршивме со овој проект во декември ќе биде тргнат од развојната Програма. На дневен ред се става улицата „Васил Главинов“, којашто е пред општината и предвидува изработка и поставување на конозли на реката Отиња и со тоа ќе дадеме побрз проток на возилата, со две проточни ленти, вели Бочварски.
Тој истакна дека како општина ќе почнат со реализација на првата фаза, а за дополнителни средства аплицирале и до Министерството за транспорт и врски преку Светска банка. Наредната година ќе се работи и на улицата „Панче Караѓозов“, која ги поврзува населбите Автокоманда и Сењак. Очекува од страна на советниците на седницата на Советот на Општина Штип да дадат и тие свои предлози за проекти, кои ќе влезат во оваа програма на приритетни проекти за Општина Штип.
Инаку, според проектната документација за улицата „Васил Главинов“ решавањето на сообраќајниот хаос во центарот ќе чини од 700.000 до 800.000 евра.
Ново на Сител
-
Германскиот канцелар го осудува „агресивното однесување“ на Русија во Полска
-
Русија ја обвини Полска за „ширење митови“ околу упадот на дронови
-
Трамп го коментира нарушувањето на полскиот воздушен простор
-
Европарламентот ги осуди „обидите на Русија за дестабилизација на Молдавија“
-
Пратеничките групи во ЕП со противречни оценки за обраќањето на Фон дер Лајен
-
Приведени две лица од струшко, при претрес во нивните домови пронајдена е дрога | ФОТО
-
Уапсени тројца дилери во Скопје, пронајдена марихуана
-
Руско Министерство за одбрана: Не планиравме да гаѓаме кон Полска, подготвени сме за разговор