Штип ќе добие електричен автомобил
Штип ќе добие електричен автомобил, а донацијата е од познатата штипска фирма „Хамачи“. Драган Ристов, леце за односи со јавност во општина Штип појаснува дека електричниот автомобил ќе го користи курирската служба во општината.
– Локалната самоуправа има тројца курири и тие ќе го користат за достава на даночни решенија, други документи, воопшто за секаква достава која ја овозможува возилото. Во Штип веќе имаме полнач за електрични автомобили и несомнено е дека ќе има заштеда на гориво за општината, а од друга страна и еколошки придобивки, вели Ристов.
Колку општината ќе заштеди на гориво ќе се види по ставањето на возилото во функција. Инаку во Штип има поставено полнач за електрични автомобили, кој се наоѓа на автобуската постројка, кај Центарот за култура „Ацо Шопов“-Штип. Советниците на седница на Советот на Општина Штип, треба да донесат предлог одлука за прифаќање на донацијата, по што и веднаш ќе биде ставен во функција.
Ново на Сител
-
Приведен бегалец од затвор
-
Тетовец со „тигуан“ шверцувал пиротехнички средства на Јажинце | ФОТО
-
Кражба на струја во Кавадарци
-
ЦУК: Шест пожари на отворено изминатото деноноќие, еден сѐ уште активен
-
Сиљановска Давкова - Радев: Билатералните спорови да се решаваат во рамки на вредностите на ЕУ
-
Блинкен во Брисел во момент кога победата на Трамп го активира алармот за Украина
-
Почина бизнисменот Миодраг Костиќ
-
18-годишно момче загина во Охрид откако со „пежо“ излетал од патот кај „Елешец“