Штета од 120 милиони долари предизвикале шумските пожари во Делчево и Македонска Каменица
Вкупно 120 милиони денари е штетата предизвикана од шумските пожари во Делчево и Македонска Каменица последниве година и половина, беше речено на денешниот работен состанок за превенција и заштита од пожари што ги организираа Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи во Делчево.
Според анализите, регистрирани биле 46 пожари на отворено, од кои само во април и март годинава 28.
- Еден од заклучоците на состанокот е да се фокусираме на подигање на јавната свест кај месното население. Договорено е да се организираат средби со населението за да се предочат опасностите од пожарите на отворен простор, да се организираат состаноци со претседателите на месните заедници за да се преземат превентивни мерки и да се организира локален совет за превенција на кој ќе присуствуваат и градоначалниците на двете општини за да се разговара за проблемите со кои се соочуваат противпожарните сили при гаснење пожари во шума, изјави Драган Балас од Центарот за управување со кризи во Делчево.
Тој додаде дека приоритетна е набавката на специјално моторно возило за интервенција при шумски пожари со која би се зголемила ефикасноста при гаснењето и би се минимизирале штетите.
Директорот на ЈП Македонски шуми, Подружница Делчево, Јордан Димитровски потенцира дека голем проблем се и неисчистените шумски патишта и административните процедури.
Пијанец има под шума 30.000 хектари од кои над 20.000 шума со загрозеност од прв степен.
Ново на Сител
-
Путин: Се обидуваат на Москва да ѝ нанесат стратешки пораз, но тоа е невозможно
-
Најмногу дожд во Пожаране и Ѓуриште, најстудено на Попова Шапка
-
Набавени 80 000 вакцини против сезонски грип, имунизацијата ќе почне во втората половина на октомври
-
Камион излетал од патот Деве Баир - Крива Паланка кај Самоков, сообраќајот е во прекин
-
Мерц: Решени сме да ги користиме замрзнатите руски средства за да ѝ помогнеме на Украина
-
Приведен кумановец, подолго време следел и вознемирувал 28-годишна девојка
-
Муртезани: Кај премиерот и Владата постои сериозна одлучност за надминување на спорот со Софија по изборите
-
Ѓорѓиевски: Нашата единствена опција е да одиме напред кон поврзаност, иновации и знаење