Штајнмајер: Германија нема да испрати копнени сили во Сирија

Германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмајер ја исклучи можности за копнена интервенција на германската армија во Сирија, јави дописникот на МИА од Берлин.
Во интервју за „Функе Медиагруп“ тој ја бранеше германската интервенција во Сирија, но ја отфрли можноста германски сили да водат копнени операции во земјата, од каде што избега половина од популацијата.
- Заканите од терористичката Исламска држава (ИД) не завршуваат на германските граници, затоа не е одговор да ги затвориме нашите врати, да го изгаснеме светлото и да се надеваме дека тероризмот ќе ги погоди соседите каде што светлата се запалени, изјави Штајнмајер во интервјуто.
- Целосно се согласувам со вицеканцеларот Зигмар Габриел дека германски трупи нема да се борат на сириска територија, изјави Штајнмајер.
Социјалдемократската партија на Германија (СПД) на Штајнмајер и Габриел, која е дел од големата владина коалиција предводена од Христијанско демократската унија (ЦДУ) на канцеларката Меркел, остро се спротивставува на идејата за испраќање на копнени сили во Сирија.
Според Штајнмајер, главната улога во битката со ИД треба да ја имаат водечките муслимански земји, како Саудиска Арабија. Ѕој оцени дека најавата за создавање на исламска коалиција од 34 земји, кои заедно ќе се борат против ИД е добар сигнал во борбата против тероризмот.
Германија сега учестувува во авионападите на ИД на страната на западната коалиција во Сирија, на барање на Франција, упатено по нападите во Париз.
Вкупно околу 1.200 германски војници, извидувачки авиони и една фрегата се ангажирани во акции за прибирање информации и логистичка поддршка за коалиционите сили во регионот, предводени од Франција и САД .
Ново на Сител
-

Украинската морнарица тврди дека ја водела првата битка меѓу поморски дронови во историјата
-

Избори во Шведска: Тесна трка меѓу левицата и десницата
-

Сончево и посвежо, долж Повардарието повремено засилен ветер до над 50 км/час
-

Ѓорѓиевски: Скопје никогаш не било поубаво, центар на светот, забавата и дружењето
-

Во изминатото деноноќие уапсени девет лица за „безобѕирно управување со возило“
-

Мицкоски: Пензиите се 16 пати поголеми од времето на СДСМ, денес се живее подобро
-

Татко и неговиот 18-годишен син загинаа во тешка сообраќајка кај Миладиновци
-

Мицкоски: Растот на туризмот е индикатор дека политиките што ги водиме даваат резултат
