Свет
1. July 2016 - 12:38

Штајнмаер: Безвизен режим за Грузија со ЕУ од септември

Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер изјави денеска во Тбилиси дека безвизното патување во ЕУ ќе биде реалност за Грузијците од септември.

- Германија и ЕУ прават се што е можно тој процес да заврши што е можно побргу, нагласи Штајнамер.

Тој објасни дека процесот е поврзан со определени процедури и формалности во Европскиот парламент.

- Постојат цели според кои процесот за безвизен режим на Грузија со ЕУ ќе заврши до септември оваа година, нагласи тој.

Еврокомесарот за миграција и внатрешни работи Димитрис Аврамопулос изјави во април дека Тбилиси ги исполнил сите услови неопходни за либерализација на визниот режим со државите од ЕУ.