Штајмајер: Германија и Русија треба да поддржат меѓусебен дијалог

Германија и Русија треба да поддржат меѓусебен дијалог и покрај несогласувањата, изјави денеска шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајмајер пред студентите од Уралскиот федерален универзитет во Екатеринбург.
- Не сме ја надминале кризата во односите... Сепак, Германија и Русија не треба да си вртат грб, туку да поддржат дијалог. Важно е да се избегнува недоразбирање за безбедносните прашања, посочи Штајмајер.
Тој меѓу причините за недоразбирање ги спомна настаните на Крим и во Украина. Штајмајер додаде и дека неиочекувано било вмешувањето на Русија во Сирија.
- Многумина во следните години очекуваат зближување меѓу Русија и Европа. Вклучително и јас, наведе Штајмајер.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров вчера изјави дека Русија и Германија имаат несогласувања и тоа не по вина на Москва.
Штајмајер и Лавров денеска на Уралскиот федерален универзитет ќе ја отворат руско-германската летна школа „Патиштата за развој на енергетскиот сектор. Современи предизвици“. Во програмата се опфатени и преговори, а главни теми ќе бидат Сирија и Украина.
- И покрај ниското ниво во односите со Германија, ова е важен проект за нас и според мене и мојот гостин, важни се контактите на младите генерации за иднината на тие односи, истакна Лавров.
Ново на Сител
-

Народниот правобранител оформи предмет за водата во Гостивар
-

Филипче бара истрага за нападот во Ново Село
-

Државната матура со просечна оцена 3,66 – скоро идентична како ланската
-

Многу течности и хидрирање на телото на пеколните горештини
-

Нема доволно вода за пиење на пунктовните во Гостивар
-

Онколошките пациенти бараат редовна терапија и трајно решение на проблемот со набавка на лекови
-

Енергетските проблеми во Европа растат, Мицкоски уверува дека кај нас струјата нема да поскапи
-

Почнува реализација на третата секција од железничкиот коридор 8
